![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
Трагичен настан се случил вчера попладне во Тирана, кога 28-годишно момче од Македонија паднало од балкон на хотелот „Рогнер” и починало, јави Топ чанел.
Според истиот извор, станува збор за гостин во хотелот, кој во моментот кога се потпрел на металната ограда на балконот, таа се откачила и тој паднал.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
– Првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана и како последица на тоа момчето паднало од голема височина, односно од петтиот кат на хотелот. На местото каде што било паднато телото била и металната ограда. Истрагата продолжува, се наведува во полициското соопштение.
Момчето веднаш било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
Дел од албанските медиуми наведуваат дека станува збор за момче од Куманово, кое во Тирана допатувало на неколкудневен одмор од Швајцарија. /МИА