Српскиот одбојкар Марко Подрашчанин е во брак со убавата Милена со која има син и ќерка. Марко е многу активен на Инстаграм каде што сега објави фотографија со сопругата која предизвика целосен хаос.
Имено, тие двајца беа заедно на прослава, а Милена ги остави сите без зборови со својот стајлинг и изглед.
Таа се одлучи за црн фустан со длабоко деколте и голем шлиц, а коментарите само се редеа.
„Леле, каква жена имаш“, „Убава“, „Најубава“, се само дел од коментарите.
Заљубени уште од средно училиште
Спортистот и неговата сопруга се вљубени уште од средношколските денови.
– Почнавме да се забавуваме како тинејџери. На 16 години играв за првиот тим на Војводина, а на 19 решив да заминам во Италија за да напредувам. Милена дојде таму со мене – рече тогаш Марко.