Директорот на ГОБ „8-ми Септември“, Христијан Kостов ги демантира сите наводи дека ќе го заземе местото на Венко Филипче.
„Ние се уште имаме министер, и сите денешни шпекулации дека јас ќе бидам министер за здравство се целосно неточни,“ изјави за Фактор, доктор Костов.
Инаку, во јавноста се шпекулира дека освен Костов, местото министер за здравство, би можел да го добие актуелниот директор на Здравствен дом Скопје, доктор Виктор Исјановски или пак актуелната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, доктор Ирина Бухова.
Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски за Фактор изјави дека шпекулациите дека тој ќе биде следниот министер за здравство, се само шпекуалции и ги демантира овие информции.
„Премиерот го има последниот збор. Во јавноста во моментов се што се пишува во врска со тоа кој ќе ја заземе позицијата министер за здравство, се неточни. Македонија се уште има министер за здравсто, тоа е Венко Филипче. Во моменти на тага не треба да се шпекулира за вакви работи“, рече тој.
Во Тетово завчера во модуларната болница имаше пожар, каде загинаа 14 луѓе. Денес имаше серија оставки, а оставка поднесе и министерот за здравство, Венко Филипче.