Мајката на три деца, Шери Родос, реши да ја сподели својата приказна со сите, откако дозна дека има рак на дојка.
Таа имала само еден симптом, а сега ги предупредува другите жени да ја забележат болеста на време.
Иако е главен симптом израстоци, таа имала вдлабнатина од страна на десната дојка. Како редок случај, овој симптом минува незабележано.
„Вчера ми беше дијагностициран карцином на дојка. Јас сум целосно шокирана затоа што оваа вдлабнатина беше единствениот симптом. Ја забележав оваа вдлабнатина и отидов на лекар. Отидов на преглед и скенирање, кое го откри присуството на маса, што го потврди и мамографијата“, вели Шери.
„Бидејќи немаше грутка, јас дури и не бев загрижена, но резултатите покажаа дека станува збор за карцином на дојка. Ве молиме, редовно проверувајте ги градите и не игнорирајте ништо чудно. Ако не видов сама, не би знаела дека е симптом на карцином. Ве молиме споделете понатаму “, напиша таа.