Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври, јавува „Фокус“.
Во СДСМ ниту ниту потврдуваат ниту негираат такво нешто. Шпекулациите говорат дека поранешниот премиер и претседател на Македонија ќе формира партија заедно со незадоволните од СДСМ.
Гласините се засилија откако веќе се појавија независни листи во неколку општини, а истовремено Радмила Шекеринска по осум години се повлекува од функцијата како потпретседател на владеачката партија.