Една од најатрактивните српски спортистки Наџа Милијанчевиќ реши да отвори профил на сајтот за возрасни „Онли Фенс“ и таму ќе ги продава своите разголени фотографии и видеа.
Атрактивната Србинка е поранешна шампионка на Европа во јуниорска конкуренција, но тоа беше само почеток на нејзината кариера во борачките спортови, а исто така имаше потпишано договор и со БКФЦ, односно организацијата за бокс без ракавици.
Месечната претплата на нејзиниот профил чини 7,99 долари, а Наѓа откри дека преку него ќе комуницира и со дел од фановите кои ќе платат за услугите.