Анета Љумаковска, сега веќе поранешната пејачка на познатата македонска група „Молика“, направи драстична промена во својот изглед.
На социјалните мрежи е објавена фотографија на која таа позира со комлетно нов имиџ, а трансформацијата ги изненади сите.
Сликата ја објави прилепскиот дизајнер Алек Палада.
„Промените почнуваат на крајот од твојата комфорт-зона“, напиша тој.
Анета и Џими Мицевски од групата „Молика“ важеа за една од најскладните двојки на естрадата, но по 22 години заеднички живот лани одлучија да се разделат. Тие имаат возрасна ќерка која студира и живее во Германија. Анета му беше втора сопруга на Џими, а тој од предходниот брак има син кој е исто така музичар.