Kумановецот Ајдин Мустафи (28) загина вчера попладне во Тирана, кога паднал од балкон на хотелот „Рогнер” и починал.
Според медиумите, Мустафи бил гостин во хотелот, кој најверојатно сакал да се фотографира и се потпрел на металната ограда на балконот, но таа се откачила и тој паднал.
-Првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана и како последица на тоа момчето паднало од голема височина, односно од петтиот кат на хотелот. Мустафи паднал врз автомобил, а повредите на главата биле кобни. Врз него била и металната ограда. Истрагата продолжува, се наведува во полициското соопштение.
Момчето веднаш било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите.
Истрагата треба да покаже дали има вина кај хотелот, кој бил реновиран во 2015 година.
Дел од албанските медиуми наведуваат дека станува збор за момче од Куманово, кое во Тирана допатувало на неколкудневен одмор од Швајцарија каде што живееел и имал швајцарско државјанство.
Тој работел за транспортна компанија како камионџија. Бил женет и татко на две деца.