Утре, 8-ми септември (среда) е неработен ден по повод Денот на независноста.
Ова се преостанатите неработни денови годинава:
За сите граѓани на Република Македонија:
11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
8 декември (среда), “Св. Климент Охридски“.
За граѓаните од католичка вероисповед:
01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
25 декември (сабота), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија:
22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.