За жал пред неполн месец ни се случи немил настан со смртен исход каде куче нападна дете. Кучето е под опсервација и е негативно на беснило. Следува период на социјализација и чекаме финален извештај- изјави Николче Бабовски во емисијата Утрински печат на Слободна ТВ.
-Во Пинтија ни се случи немил настан со смртен исход. Постапката за кучињата од наша страна е во тек, периодот на осервација за беснило заврши, во кој се направени три клинички прегледи кои се задолжителни. Животните се сместени во Хиподром во објектиоте на МВР, таму има постапка која ја води Министерството за внатрешни работи- вели Бабовски.
Тој објаснува дека она што можат да го кажат засега од нивна страна е дека веќе од петокот е назначено лице кое врши тест на социјализација.
– Деновиве тестот треба да заврши, па после тоа следува финален извештај од официјалниот ветеринарен инспектор по кој после ќе се постапува. Од тоа ќе зависи како ќе завршат тие кучиња. Ако не покажат агресивност ќе бидат дадени на вдомување во одреден рок, доколку пак не се случи тоа следуваат други постапки. Останува да видиме како ќе заврши тестот и од наша страна ние ќе го затвориме случајот. Понатаму истиот продолжува во друга надлежност, вели Бабовски.
Во интервјуто зборувавме и за тоа дали Македонија има лиценцирани тренери за кучиња, што се случува со уличните кучиња и во чија надлежност се, за наградата која ја даваат доколку се пријави угината дива свиња. Повеќе во утрешното видео интервју на Утрински печат за Слободна ТВ.