При несреќа на градилиште на северот на Италија, македонски работник го загуби животот.
Станува збор за Назиф Ајдаровски, а обвинителството на Тревизо го истражува случајот, пренесуваат италијанските медиуми.
Обвинтелката Даниела Брунети нареди да се изврши обдукција на телото на 48-годишниот македонски работник за да се открие причината.
Во меѓувреме одговорните лица се на распит во полиција и отворена е истрага за уб иство без умисла.
– Во болка ја остава сопругата Рукије Ајдароска и неговите три деца на возраст од 19, 17 и 10 години. 48-годишникот секогаш работел во градежниот сектор, објавуваат италијанските медиуми.