Секое деноноќие Македонија брои по неколку десеттина починати, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека вкупната бројка на починати е речиси 4.600 граѓани.
-За разлика од скоро двамилионска Македонија која брои по неколку десеттина починати за 24 часа, шеесетмилионска Велика Британија за едно деноноќие има едноцифрена бројка на починати, Израел со осум милиони жители исто бележи едноцифрена бројка на починати. Македонија има вакцинирано само околу еден процент од населението. По број на вакцинирани убедливо водат Сејшелите со повеќе од 60 проценти вакцинирано население. Околу 60 проценти од населението вакцинирано е и во Израел. Доколку Филипче наместо провизии, трчаше по вакцини немаше да бидеме црна дупка во светот. Филипче ја претвори Македонија во гробница! Затоа, Филипче оставка веднаш! Филипче ќе одговара за сето зло што им го нанесе на граѓаните, ве наведува во соопштението.