Денешната заедничка седница на македонската и косовска влада од ранитее утрински часови предизвика хаос во сообраќајот на улиците во Скопје.

Колони возила уште изутрина беа заробени во метежот и беспомошно чекаа да стигнат таму каде што тргнале.

На социјалните мрежи кружи изјава на една скопјанка која се жали дека поради блокадата на улиците не може на време да стигне на погреб кај татко и.

-Одам на погреб кај татко ми. Чекам 20 минути, никој не сака да ми направи простор да поминам. СИте полицајци ми викаат чекајте две минути, чекајте 2 минути. Јас само ги замолувам да ми направат простор колите да се ослободам и да си одам на погреб кај татко ми. И баш ми е гајле кој поминува, толку, вели низ солзи жената.

Како што објавивме денеска Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово одржуваат прва заедничка седница во Скопје.

Сведоштвото на скопјанката може да по погледнете на видеото:

🎥