Советот на Општина Тетово прогласи три дена жалост поради трагедијата која се случи синоќа во тетовската модуларна болница, во која загинаа 14 лица.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на конференција за медиуми изрази сочуство до семејствата на починатите и порача од институциите да ја продолжат истрагата.
„Во секое време кога ќе добиеме информации, ќе ги споделиме. Да се заблагодарам на сите сограѓани и на сите наши пријатели и во регионот и пошироко, кои се јавија и изразија подготвеност да помогнат“, рече Арифи.