Модуларната ковид болница во Тетово вечерва е во пламен. Од видеото кое може да се види на социјалните мрежи станува збор за сериозен пожар. Неoфицијално од Министерството за здравство за порталот Прес 24 потврдиле дека веројатно има и жртви во пожарот.
Исклучително сериозен е пожарот кој повеќе од 40 минути беснее во тетовската модуларна ковид болница. Од МВР велат дека нивни екипи веќе се на терен но не можат да потврдат ниту да демантираат дали и колку жртви има во огнената стихија.
Поради силниот интензитет на пожарот, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово.
Од Министерството за здравство неофицијално потврдуваат дека има жртви но не можат да коментираат околу бројките.
Очевидци велат дека докторите вложувале максимални напори да ги евакуираат пациентите и со кревети и колички ги извлекувале од запалената зграда. Според последните информации, зградата е целосно изгорена.