Слободен печат“ повикувајќи се на свои извори објави дека во пожарот што изби синоќа во Ковид центарот во Тетово нема настрадан медицински персонал, а од запалената болница 10 лица се извлечени живи.

Медиумот известува дека бројката на загинати може да биде меѓу 10 и 15 лица.

Според информациите што „Слободен печат“ ги добил, пожарот не е предизвикан од боци на кислород, бидејќи во тој дел немало боци, туку само довод на кислород.

Неофицијално, не се исклучуваа можноста пожарот да е подменат, бидејќи минатата недела двапати се правени опструкции во работата на модуларната болница за што е алармирана и полицијата.

Имено, болницата барала редовни полициски контроли, па затоа, дознаваме, имало зголемена контрола од полициски патроли во делот околу болницата, пишува Слободен Печат.

– Некои од изворите се сомневаат дека во прашање е саботажа, која е планирана и изведена токму на најголемиот државен празник Денот на независноста, слично како и за 2. август кога додека се честувавше Илинден на Мечкин Камен, избија пожари во кочанско кои сериозно му се заканија на градот, пишува Слободен Печат.