36 годишен прилепчанец две години ги силувал неговите три малолетни ќерки, а неговата сопруга убедувала децата дека е срамота да пријават во полиција.

Обвинителството отвори истрага откако на 27 јуни, едно од девојчињата се охрабрило и го пријавило таткото во полиција.

Таткото, како што се наведува во соопштението на обвинителството, во периодот од 2021 до 2023 година во повеќе наврати, во својот дом вршел полови дејствија врз неговите три ќерки. Тие биле родени 2008, 2010 и 2014 година, односно немале наполнето ни 14 години кога биле злоставувани.

Ќерките иако и кажале на нивната мајка дека таткото врши полови дејствија и обљуба врз нив, таа ги убедувала дека е срамота да пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. Со тоа, како што се додава во соопштението, допуштила децата жртви да живеат заедно со нивниот татко кој полово ги злоупотребувал и не презела никави мерки за нивна заштита.

Таткото е осомничен за силување на дете кое не наполнило 15 години и родосквернавење. Мајката е осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Побаран е притвор за двајцата родители и притоа е иницирано и соодветно згрижување девојчињата преку надлежните служби.