Вчера беше откриен споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка, но многумина на социјалните мрежи почнаа да пишуваат дека статуата воопшто не личи на покојниот пејач.
„Намерата е добра, но статуата воопшто не личи на Тоше“, напиша еден обожавател.
„Ако ова е Тоше, тогаш јас сум Пленковиќ“, „Ниту Македонците не би го препознале“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
„Сакам да знам какви им биле изразите на лицата кога градоначалникот го тргнал чаршавот и ја покажал статуата“, напиша друг.
Да потсетиме, статуата на Проески ја изработи скулпторот Славко Буниќ, а на откривањето присуствуваа амбасадорот на Северна Македонија Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево Томе Христовски.