На 10.09.2021 во 17.20 часот на подрачје на Бит пазар од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Б.А.(27) од Скопје.

Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми кал.9мм без дозвола за поседување, мобилен телефон и други предмети.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.