Синоќа сообраќајната полиција со радарска контрола регистрира возач кој со своето возило возел со брзина од 201 километар на час, односно со над 70 километри повеќе од максимално дозволената брзина. На територијата на земјата во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 310 возила кои се движеле со поголема брзина од дозволената.
Од санкционирани 310 возачи,16 управувале со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 148 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место, информира МВР и апелира до возачите да возат внимателно, брзината на возилата пред се да ја усогласат со условите на патот и да не ја пречекоруваат максималната брзина пропишана со сообраќајните знаци.