Пожарот во модуларната болница во Тетово е изгаснат, меѓутоа целосно е изгорена модуларната болница. Неофицијално има околу 30 жртви, меѓу нив има и пациенти и персонал, објави Сител телевизија.
Пожарот избувнал околу 21 часот и веднаш биле пратени противпожарните екипи и полицијата за да се локализира пожарот. Се чека да се изврши увид и да биде објавена официјалната бројка на жртви.
Од друга страна, Радио Лидер од извори на терен дознава дека спасувачките екипи досега извлекле 39 изгорени тела во модуларната болница во Тетово која изгоре вечерва.
-Оваа бројка е на пронајдените досега и веројатно ќе оди нагоре, вели еден од спасувачите за Радио Лидер.
Инаку пеколна вечер се случувше во Тетово каде во огромен пожар изгоре ковид центарот во Тетово.
И екипи од против пожарната единица во Скопје учествувале во гаснењето на пожарот, а дел од пациентите се пренесуваат и во Скопје на соодветен третман.