Околу 21 часот избувна пожар во модуларната болница во Тетово.
Во моментов на терен се противпожарни екипи, но во гаснење на пожарот и во евакуирање на пациентите помага и болничкиот персонал. Вклучени се и голем број граѓани.
Засега се уште не е позната причината за пожарот, ниту има потврда за починати пациенти.
-Пред неколку моменти имаше експлозија во модуларната болница во Тетово. Алсат успеа да обезбеди видео на кое се гледа дека пожарот ја зафатил модуларната болница, објави Алсат.
Во моментов не се познати причините за пожарот, ниту дали има евентуални жртви, но болни и изгорени повредени се изнесуваат зградата во колички. Зградата е целосно изгорена.
Пожарот е активен речиси половина час, но нема знаци за смирување, густ чад и пламен се шири наоколу.
Во тетовскиот Ковид-центар има 84 хоспитализирани болни.