На 02.10.2021 во 20.50 часот во трговски центар на подрачје на Центар од полициски службеници од СВР Скопје е приведена В.Т.(55) од Скопје, а во врска со пријава дека во продавница од трговскиот центар В.Т. го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон полициски службеник.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.