Како што дознава 4NEWS.mk, една од можните причини за пожарот кој буквално за три минути ја пеплоса модуларната болница е дефиблиратор.

Дефиблираторот бил вклучен на продолжен кабел кој бил слаб и не можело да го издржи напонот под кој работи дефиблираторот и количината на струја која ја повелкува при употреба.

Според наши неофицијални информации, за време на употребата на дефиблираторот за спас на еден од пациентите, кој подоцна почина, дошло до прва експлозија, а подоцна кислородот присутен во просторијата си го направил своето и допринел за ширење на пожарот.

Подоцна, експлодирале и неколку други боци кои се наоѓале внатре во модуларната болница.

4NEWS.mk дознава дека пациентите биле заклучени за време на пожарот и токму поради тоа тешко одел процесот на евакуација, а како што се гледа и на снимките објавени од безбедносните камери, тие скокаат преку прозорец. Нашиот извор додава дека сите модуларни болници се заклучени по протокол, за да се спречи влез на трети лица, пишува порталот.